General
LEARN-IP промовира единствен метод за обука, заснован на следните аспекти:
- Кратки сегменти за учење кои имаат добро структурирана содржина за учење;
- Длабоко чувство на вклученост на корисникот, негова интеракција и свест;
- Чувство за контрола и справувања со задачите што ќе ги најдете на крајот од модулот;
- Уживање и поттикнување понатамошен интерес.
LEARN-IP се фокусира на интерактивен пристап за обука:
- Модулите се користат како материјал за обука за самостојно учење;
- Користење на интерактивната LEARN-IP платформа за е-учење: https://moodle.lear-ip.eu со цел обуки во група со професионален обучувач.
За разлика од предавачите во училница коишто предаваат лице в лице и кои им даваат на своите учесници насоки и некои дополнителни инструкции, вие треба да ги преземете одговорностите за управување со времето и за контрола на вашиот напредок во процесот на учењето.
Напоменуваме дека оваа обука не е замена за правен совет. Законот за интелектуална сопственост е технички и се разликува од земја до земја. Затоа, учениците како вас треба да ја разгледаат можноста за добивање професионален совет. Сепак, читањето на овој модул ќе ви пружи добро разбирање на основните прашања и ќе ви помогне да донесувате одлуки за следните чекори темелени на информираност.
- Кратки сегменти за учење кои имаат добро структурирана содржина за учење;